Македонска берза се приклучи кон глобалното хуманитарно движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму)
среда, 25 април 2018
Македонска берза АД Скопје се приклучи на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која од минатата година е промотор на глобалното хуманитарно движење  „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму). Целта на акцијата е да промовира и да шири позитивна енергија, како и да развива чувство на заедништво и сплотеност меѓу луѓето, односно да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки!
 
„Pay it Forward“ (Продолжи понатаму) функционира на начин што поттикнува да направите неколку добри дела за различни луѓе и од нив да не барате ништо за возврат, односно единствено треба да побарате и тие понатаму да направат неколку добри дела за други луѓе. Македонска берза, со свој скромен придонес, безрезервно се приклучи кон ова глобално движење на добра волја.